tvstanici.net

„НЕМАЛО НИ ДА ИМА ГРАБНУВАЊЕ БЕЗ ИНФОРМАЦИЈАТА ДЕКА ВАЊА САМА ЌЕ ОДИ НА УЧИЛИШТЕ“ Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска најави жалба на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека дал информации што довеле до нејзиното киднапирање.
Таа истакна дека иако немале докази „во форма каква што би посакале“, обвинителството смета дека изјавите на обвинетите се доволни како доказен материјал.
– Кога станува збор за Александар Ѓорчевски, и покрај тоа што судот не ги образложи своите ставови, за нас е очигледно дека само родителите знаеле дека девојчето тој ден ќе оди само во училиште. Двајца од обвинетите сведочеа дека токму таткото ја споделил таа информација, преку Палевски. Без таа информација, не би дошло до киднапирање. Не можевме да го занемариме тој факт. Обвинителството немаше простор за поинаква одлука. Ќе поднесеме жалба и ќе оставиме Апелација да го каже своето – нагласи таа.
Во однос на тврдењата дека обвинетите подоцна ги смениле своите изјави за вмешаноста на Ѓорчевски, Димитриевска рече дека не понудиле никакво логично објаснување за промената.
– Нивните наводи за наводна тортура не се потврдени. Немаше индикации за употреба на сила, а при детална анализа на сите нивни искази, не се утврди ниту едно тврдење дека врз нив било извршено насилство. Според сите критериуми, нивните првични сведочења делуваат како автентични – додаде таа.
Таа подвлече дека она што сега го изложува се базира на докази:
– Сведочењата на двајца обвинети се дел од доказниот материјал. Можеби немаме цврсти, непобитни елементи какви што посакувавме, но поединечната и заедничката проценка на доказите нè доведе до јасна одлука.
Инаку, доживотен затвор им определи судот на обвинетите Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и на Љупчо Палевски Палчо за грабнувањето и за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.
Таткотото на Вања, Александар Ѓорчевски, е ослободен од обвинението. Судските трошоци за него паѓаат на товар на државата.
ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ПАЛЧО, МАНЕВ, КЕШИШЕВ И ЗА ВИДЕВСКИ Таткото на Вања е ослободен од обвинението

The post „НЕМАЛО НИ ДА ИМА ГРАБНУВАЊЕ БЕЗ ИНФОРМАЦИЈАТА ДЕКА ВАЊА САМА ЌЕ ОДИ НА УЧИЛИШТЕ“ Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version