tvstanici.net

НЕМА НИ ЗБОР ЗА ИСПРАЌАЊЕ МИГРАНТИ ОД БРИТАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Амбасадорот Лосон ги демантира шпекулациите што ги шират опозициските медиуми

Британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше тврдењата и шпекулациите на медиумите на СДСМ и ДУИ, односно, јасно нагласи дека со стратешкото партнерство со Обединетото Кралство не станува збор за прифаќање мигранти во Македонија. Ова го соопшти на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во македонската влада.
– Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но тоа се однесува на полициската соработка меѓу агенциите, и ова го правиме со повеќе европски земји. Не се работи за тоа, дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија. Ова е широко партнертство, има многу шпекулации во медиумите на оваа тема, но не, овде не се работи за тоа. Се работи за соработка меѓу полициските сили и за справување со бандите, не за прифаќање мигранти, соопшти Лосон.
The post НЕМА НИ ЗБОР ЗА ИСПРАЌАЊЕ МИГРАНТИ ОД БРИТАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Амбасадорот Лосон ги демантира шпекулациите што ги шират опозициските медиуми appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version