tvstanici.net

„НЕКОЈ ЈА ЗЕЛ И ЈА ВРАТИЛ ДУЊА“ Што мисли бабата на девојчето што беше исчезнато?

Бабата на пронајденото девојче Дуња Марковиќ, Даниела Ѓорѓевиќ, денеска изјави дека на тоа место никогаш не се случило вакво исчезнување на дете и дека верува дека некој го зел девојчето и го вратил на местото на кое е пронајдено, објави Танјуг.
– Утринава заклучив дека детето е пронајдено толку блиску што се сомневам дека првин било оведено, па доведено тука и оставено. Мислам дека се исплашиле и го вратиле детето – рекла Ѓорѓевиќ.
Таа им се заблагодари и на полицијата и на луѓето за укажаната помош за што побргу да му се помогне на девојчето.
– Не можев да верувам дека ја нема, особено цела ноќ. Има само две години, не зборува многу, не ја ни научивме да зборува толку – вели таа.
Двегодишната Дуња Марковиќ, која исчезна во понеделникот во Уб, утрово е пронајдена во свесна и во комуникациска состојба и е пренесена на преглед во болница.
Девојчето го пронашло куче трагач од планинската спасувачка служба на оддалеченост од два-три километри од куќата, пренесува „Танјуг“.
ПРОНАЈДЕНА Е МАЛАТА ДУЊА Херој на потрагата е куче на српската спасувачка служба

Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version