ЈСП имаше пракса дури и директорот и стручните служби на ЈСП лично да учествуваат во правењето на возните редови и менувањето на возни редови и линии. Доаѓам од локална самоуправа каде баш тоа сум го работел и сме седнувале со Игор Јанушев кога беше директор на ЈСП и до детали со сите месни заедници сме се собирале со луѓе и сме правеле менување на возни редови по потребите на граѓаните, истакна советникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Бојковски на денешната седница на Советот на Град Скопје, обраќајќи се до директорот на ЈСП, Драги Кушовски, и до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Бојковски посочи дека во минатото во менување и правење на возни редови на автобуси учествувале месните заедници, дел од администрацијата на самата општина, администрацијата на градот и директорот на ЈСП.
– Добро е како пракса месните и урбаните заедници да учествуваат во вакви работи затоа што се работи за населени места каде без разлика на сѐ и каде живее дали во Раштак или Автокоманда мора да дојде на работното место инаку ќе го избркаат од работа – посочи Бојковски.
Прочитајте ја целата статија од изворот
НЕ МОЖЕ АВТОБУСИТЕ ДА ВОЗАТ КАКО ШТО ЌЕ МУ ТЕКНЕ НА ДИРЕКТОРОТ Месните заедници треба да учествуваат во правењето на возниот ред на ЈСП
