tvstanici.net

Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките

Од Македонија се барат нови отстапки во делот на националниот идентитет иако земјава изгуби неспоредливо многу во однос на земјите кои изминатиов период станаа дел од ЕУ, вели поранешниот вицепремиер за европски прашања откако Брисел порача дека нема план Б за Македонија и уставните измени мора да се спроведат. 

Наумовски е дециден дека доколку продолжат ваквите пораки на европските челници драстично ќе опаѓа довербата во Унијата и може да го забави и процесот на исполнување на реформите. 

По Брисел и американската амбасадорка Агелер во интевју за Фокус им испрати порака на македонските политичари дека без разлика дали се во опозиција или на власт, партиите треба да се фокусираат на унапредување на благосостојбата на целата држава – не само на една група. Вели дека и покрај големите отстапки кои Македонија ги направи, одлуките колку и да се тешки – мора да се донесат. Според Агелер постои силна поддршка во Брисел,а македонските лидери мора да ја искористат можноста пред да им избега.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Exit mobile version