tvstanici.net

Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан

Најмалку седум луѓе загинаа, а 20 се повредени во бомбардирање на болница и аптека во Јужен Судан, соопшти денеска хуманитарната организација „Лекари без граници“.

Локалната полиција соопшти дека меѓу загинатите има и дете.

Болницата се наоѓа во градот Стари Фангак, околу 475 километри од главниот град Џуба.

Организацијата на социјалната мрежа Икс го осуди нападот врз болницата и додаде дека болницата е „единствениот извор на медицинска грижа за околу 40.000 жители“ и дека нападот е „јасно кршење на меѓународното право“.

Останува нејасно зошто болницата била цел на напад за кој се претпоставува дека го извршила армијата на Јужен Судан. Армијата не даде коментар.

Exit mobile version