tvstanici.net

НАДЕЖ ЗА НОВИ И ПОДОБРИ ПОЧЕТОЦИ Филипче го честита Велигден на православните и на католичките христијани

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до припадниците од православната и католичката вероисповед. Филипче во честитката порача дека денешниот празник дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците.
„На сите христијани од православната и католичката вероисповед им го честитам денешниот голем празник, Воскресение Христово – Велигден. Нека овој ден донесе многу здравје, среќа и хармонија во секој дом. Велигден е празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците. Симболиката на Велигден кој ја слави победата на животот над смртта, носи силна порака за важноста на меѓусебното почитување и грижа. Токму овие вредности се основата за создавање на подобро општество за сите, преку добри дела и посветеност“, порача Филипче.
Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра, а заедно можеме да постигнеме многу, се додава во честитката.
„На овој голем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон подобра иднина. Христос воскресна, навистина воскресна, за многу години Велигден“, порача Филипче во велигденската честитика.
The post НАДЕЖ ЗА НОВИ И ПОДОБРИ ПОЧЕТОЦИ Филипче го честита Велигден на православните и на католичките христијани appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version