„Не се сретнав со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта, но дури и да сум го сторил тоа, вие ќе бевте веднаш информирани“.
Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали патувањето во Унгарија овозможило средба со неговиот претходник.
– Јас водам политика по принципот: вистината е најточна. Верувајте, секогаш кога нешто ќе се случи јас веднаш го кажувам тоа јавно затоа што нема што да кријам. Совеста ми е чиста, но исто така во име на таа вистина можам да потврдам дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ-ДУИ се сретнувале со поранешниот премиер Груевски во Будимпешта. Наскоро ќе приложам и докази за средбите – изјави Мицкоски.
Премиерот денеска присуствуваше на настан за отпочнување со реализација на проектите во Општина Илинден.
Прочитајте ја целата статија од изворот
МИЦКОСКИ НЕМАЛ СРЕДБА СО ГРУЕВСКИ ВО БУДИМПЕШТА, АМА НЕКОЈ ДРУГ ИМАЛ Функционери од поранешната коалиција СДСМ-ДУИ се дружеле со експремиерот во повеќе наврати
