tvstanici.net

📷 МЕРКЕЛ НА ПОЈАДОК СО МИЦОТАКИС Поранешната канцеларка ја промовира книгата „Слобода“ во Атина

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово приредил појадок за поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која во Грција е за промоција на нејзината книга „Слобода“, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис и Меркел за време на појадокот размениле мислења за европските и меѓународните случувања.
Меркел синоќа, во организација на грчкиот весник „Катимерини“ во Атина ја промовираше нејзината автобиографија, а во дискусија со директорот на весникот говореше и за периодот кога Грција беше во длабока финансиска криза.
По промоцијата, како што пишува „Катимерини“, била приредена вечера во чест на поранешната канцеларка на која присуствувале вицепремиерот Костис Хаѕидакис, поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, поранешниот вицепремиер Панајотис Пикраменос, поранешниот лидер на ПАСОК Евангелос Венизелос, како и бизнисмени.
The post 📷 МЕРКЕЛ НА ПОЈАДОК СО МИЦОТАКИС Поранешната канцеларка ја промовира книгата „Слобода“ во Атина appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version