tvstanici.net

Мерц најави дека ќе го повика Трамп сите царини да ги сведе на нула

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека ќе го повика претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп сите царини „да ги сведе на нула“.

„Им предлагаме на Соединетите Американски Држави дека би било најдобро да ги намалат сите царински давачки во меѓусебната размена на стоки на нула“, рече Мерц на состанокот на неговите конзервативци откако го објави изборот на членовите на неговиот кабинет.

Тој, исто така, предложи меѓусебно признавање на технолошките стандарди меѓу Германија и САД.

„Она што го видовме во последните години и децении се се поголемите технички бариери меѓу главните трговски нации во светот и ние мора да го надминеме ова бидејќи тоа би можело да придонесе и за одржливо намалување на бирократијата“, порача Мерц.

Exit mobile version