Болката се претвори во крик на очај. Родителите на 62 млади лица чии животи прерано згаснаа во дискотеката на смртта, денеска со емотивно пораки до жителите на Кочани, но и до целата македонска јавност, масовно да ги поддржат во нивните барања за правда и целосно расчистување на случајот, а вистинските виновници да ја сносат заслужената казна.
– Јас марширам на секој марш, моето дете отиде, за кого марширам? За вашите деца, што ги имате дома, оти утре не дај Боже ќе ви се случи и на вас истото, па да не кукате и вие како ние што кукаме и да одите по гробиштата. И ако ви вршат притисоци, не плашете, ние мнозинството секогаш победуваме. Доста одевме ние другари, достаодевме и траевме. Ним тоа им одговара, си велат, тие се овци, трава пасат, одат и ништо друго не прават, изјави родител на починат 21 годишен кочанчанец.
Повторно укажаа на сите нерегуларности и неправилсности во работењето на „Пулс“ и побараа одговори од УЈП, полицијата и обвинитеслтвото.
– Кој во УЈП бил надлежен да го поднесе барањето за стечај и зошто тоа не било направено. Дали некој ја стопирал постаката и ако ДА, зошто и со каква цел?, прашува мајка на загинато момче од Кочани
Родителите посочија дека се прави и притисок врз сведоци со цел да се сокрие фактот дека била затворена вратата во дискотеката Пулс од страна на полицијата и наместо децата да бидат спроведени надвор тие биле враќани назад од полицијаците кои според тврдењето на родителите први избегале.