tvstanici.net

МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ОД СРБИЈА НА КОНТРОЛНИОТ МЕЧ Ако ништо друго, одиме на Светско навежбани

Машката ракометна репрезентација на Македонија загуби од Србија со 34:29 во третиот и последен контролен натпревар од еднонеделните подготовки во Стара Пазова за претстојното Светско првенство.
На полувреме од тестот со комбинираниот состав на северниот сосед, кој не се пласира за мундијалот, беше нерешено 17:17.
Претходно, избраниците на селекторот Кирил Лазаров во мечевите 3х30 минути беа подобри од Нови Београд со 85:44 и од Динамо Панчево со 51:46, а по пристигнувањето во Вараждин е предвидена и генералка за мундијалот против соорганизаторот Хрватска.
Во групата од прелиминарната фаза „црвено-жолтите“ од 15 до 19 јануари за противници ќе ги имаат Унгарија, Холандија и дебитантот Гвинеја, а во следниот круг ќе се пласираат трите најуспешни селекции.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version