tvstanici.net

Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора

Љупчо Коцевски го побарал предметот од гостиварското вишо обвинителство за да го разгледа во детали текот на постапката против Менсур Пајазити кој смртно ја прегази Теодора Ристовска во Тетово.

Обвинителството не се жалело на првичната триипол годишна казна која ја досудила сега пензионираната судијка Верка Костовска, според објавените пресуди

Потоа вишата обвинителка Вјолца Елмази се премислила па на седницата во апелација во март лани го променила писмениот став и барањето да се одбие жалбата на Пајазити го сменила со предлог да му се изрече поблага кривична санкција.

Обвинителството уште го чека писменото образложение на пресудата, а Судскиот совет оцени дека гостиварска апелација може да одлучи само во корист на обвинетиот или да ја потврди првостепената пресуда од две години затвор, а не и да ја зголеми.

Exit mobile version