tvstanici.net

Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“

Владините партнери на ВРЕДИ ги следат превирањата во коалицијата, но уверуваат дека не е загорзена стабилноста на владата. Откако Таравари одлучи за локалните избори да има сопствени советнички листи и инфомрациите дека водел разговори со албанската опозиција, од Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски, велат дека неприфатливо е за нив било кој од владејачката коалиција да соработува со ДУИ.

„Секој еден кој што соработува зад отворени или затворени врати со се уште за жал нефреформираната ДУИ за нас е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во кое што учествуваме и Ние, но како и да е, времето ќе покаже во предизборниот период се случуваат вакви политички превирања и верувам дека и очекувам дека истите ќе се надминат  во рамките на таа коалиција“, изјави Максим Димитревски, Движење ЗНАМ.

За ВМРО-ДПМНЕ, случувањата во ВРЕДИ се внатрешно прашање на коалицијата.

„Во моментов владината коалиција функционира редовно и нормално“ коментираат од владејчаката партија, но без конкретен одговор, дали би било прифатливо Таравари да остане дел од Владата како посебен 4ти партнер при евентуално напуштање на Вреди. Според неофицијални инфомрации од извори во владејачката коалиција, без разлика на исходот од состанокот во Вреди, Алијанса на Таравари ќе остане дел од владата.

За Движењето ЗНАМ, превирањата во ВРЕДИ не се закана за владејачката коалиција.

„Владата е, била и верувам дека ќе биде стабилна со самиот факт дека во Владата партиципира ЗНАМ и коалициајта на ВМРО-ДПМНЕ самата бројка потврдува дека имаме стабилно мнозинство од 64 пратеници и дополнително пратеници во коалицијата вреди која ја поддржуваат владата“, вели ДИмитриевски.

Вреди и ЗНАМ досега повеќепати си разменија остри тонови околу укинувањето на балансерот, употребата на албанското знаме во кабинетите, но и за идејата за формирање Албанска академија на науките и уметноста.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Новинар: 
Exit mobile version