Ранко Рајовиќ, специјалист по интерна медицина, магистер по неврофизиологија и доктор по спортски науки, зборувал за важноста на движењето за развојот на децата.
„Првото вистинско движење се случува кога детето лази. Наеднаш ги притиска дланките на подот и ова е прв пат да се случи ова, да ја притиска целата дланка на подот. А кој не го пушта своето дете да лази? Родителите. Кога прашувам зошто, ми велат или дека за да не земе нешто од подот и да не го стави во уста или за да не закачи некој вирус или бактерија или нешто друго.
Но, таа положба кога лазат е многу важна, бидејќи мозокот има свои прецизно дефинирани фази на развој и ако прескокнеме нешто, не можеме да го вратиме“, вели доктор Ранко Рајовиќ, невроендокринолог и професор на Педагошкиот факултет во Љубљана, гостувајќи во подкастот „Растејќи со децата“, пренесува порталот „Зелена училница“.
Меѓу другото, тој зборува за важноста на движењето и кои видови движења се клучни за развојот на децата. Како што објасни, истражувањата покажале дека ако нема доволно движење, базалните ганглии се намалени.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.
The post КОЈ НЕ ЗАСПИВАЛ НАС ПОРАНО? Ако мора да го успивате детето навечер, значи дека не се движи доволно appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
КОЈ НЕ ЗАСПИВАЛ НАС ПОРАНО? Ако мора да го успивате детето навечер, значи дека не се движи доволно
