tvstanici.net

КИНА ЌЕ ЈА ИГНОРИРА ИГРАТА СО ЦАРИНСКИТЕ БРОЈКИ НА ТРАМП Белата куќа ѝ наметна царини од 245%

Кина нема да посветува внимание, ако САД ја продолжат „играта со царинските  бројки“ кога станува збор за царините, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи откако Белата куќа објави дека Кина се соочува со царини до 245% поради нејзините одмазднички мерки.
Во документ објавен завчера, Белата куќа наведува дека вкупните давачки на Кина ја вклучуваат најновата реципрочна царина од 125 отсто, царина од дополнителни 20% за справување со кризата со фентанил, како и царини меѓу 7,5 и 100 отсто за одредени стоки поради нефер трговски практики.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, неодамна воведе дополнителни царини за стоки од сите земји, а потоа повлече дел од мерките за голем број земји, задржувајќи ги строгите давачки исклучиво кон Кина.
Пекинг одговори со зголемување на царините за американски стоки и поднесување жалба до Светската трговска организација (СТО), изразувајќи „сериозна загриженост“ за американските царини и обвинувајќи го Вашингтон за кршење на правилата на СТО.
Вашингтон рече дека Трамп е подготвен да склучи трговски договор со Кина, но дека Пекинг мора да го направи првиот чекор.
-На Кина и требаат нашите пари – рече Трамп
 
The post КИНА ЌЕ ЈА ИГНОРИРА ИГРАТА СО ЦАРИНСКИТЕ БРОЈКИ НА ТРАМП Белата куќа ѝ наметна царини од 245% appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version