tvstanici.net

Гробот на папата Франциск ќе биде отворен за јавноста од недела наутро

 
Верниците ќе можат да го посетат гробот на папата Франциск „уште во недела наутро“ во базиликата Света Марија Мајор во центарот на Рим, соопшти денеска директорот на прес-службата на Ватикан, Матео Бруни.

Ковчегот на аргентинскиот папа, кој почина во понеделникот на 89-годишна возраст, во сабота ќе биде пренесен во таа базилика, каде што ќе биде погребан, а ќе му претходи верска церемонија на плоштадот Свети Петар.

Ватикан во посебно соопштение соопшти дека околу 61.000 верници од средата наутро ја посетиле базиликата Свети Петар во Рим за да им оддадат почит на посмртните останки на папата Франциск.

Exit mobile version