tvstanici.net

Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс

Грег Попович се повлекува од функцијата главен тренер на Сан Антонио Спарс и ќе ја преземе функцијата претседател на кошаркарските операции во клубот, објави Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА).

Попович (76) кој има најмногу победи како тренер во историјата на НБА, доживеа благ мозочен удар минатиот ноември и не се врати на работа до крајот на сезоната.

– Иако мојата љубов и страст кон играта остануваат, решив дека е време да се повлечам од функцијата главен тренер. Засекогаш ќе им бидам благодарен на прекрасните играчи, тренери, персонал и навивачи кои ми дозволија да им служам како главен тренер на Спарс, и сум воодушевен што имам можност да продолжам да ја поддржувам организацијата, заедницата и градот кои ми се толку важни, изјави тренерот.

Попович е трикратен тренер на годината во НБА. Тој ги предводеше Сан Антонио Спарс до пет шампионски титули (1999, 2003, 2005, 2007, 2014), а машката репрезентација на САД до златен медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.

Попович беше примен во Кошаркарската куќа на славните како тренер во 2023 година.

Стручњакот ја презеде тренерската позиција во Сан Антонио во 1996 година и го претвори тимот во еден од најуспешните во НБА. 

Exit mobile version