Охриѓанец заврши во болница откако проголта пакување со дрога кога го запрела полицијата.
Полицијата соопшти дека синоќа на крсносницата на улиците Кленоец и Железничка во Охрид, го уапсила М.Ј.(30) од Охрид и го однела во болница.
-Тој, при контрола на неговиот патнички автомобил „рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид. По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење – информира полицијата.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Прочитајте ја целата статија од изворот
ГОЛТНАЛ КЕСИЧКА СО ДРОГА ЗА ДА НЕ МУ ЈА НАЈДЕ ПОЛИЦИЈАТА Охриѓанец синоќа итно е пренесен во болница
