tvstanici.net

ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА Е ЗАГРИЖЕНА ОД БРЗИОТ РАСТ НА ЕВРОТО Проблематичнo ќе биде појако евро од 1,20 долари

Потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Луис де Гиндос, денесла рече дека понатамошниот раст на еврото на повеќе од 1,20 долари би можел да биде проблематичен за монетарните власти на еврозоната.
– Мислам дека нивоата од 1,17, па дури и 1,20 долари за еврото се прифатливи и не се проблем, но секое зголемување над тоа би било многу покомплицирано – изјави де Гиндос на маргините на годишниот форум на Европската централна банка (ЕЦБ) во Синтра.
Еврото порасна за речиси 14% оваа година во однос на американската валута, а ЕЦБ внимателно го следи ова зајакнување.
– Не таргетираме специфичен девизен курс на еврото, но го вклучуваме девизниот курс и неговото движење во проекциите и монетарните одлуки – рече де Гиндос.
Според него, брзината на растот на еврото привлекува поголемо внимание отколку самата висина на девизниот курс.
The post ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА Е ЗАГРИЖЕНА ОД БРЗИОТ РАСТ НА ЕВРОТО Проблематичнo ќе биде појако евро од 1,20 долари appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version