tvstanici.net

Експертите бараат поригорозни казни за прекршоци во сообраќјот

Ниту зголеменото присуство на полицијата не ги вразуми возачите. Во сообраќајот секојдневно се случуваат незгоди предизвикани од брзо и несовесно возење. Последен таков пример е со мотоциклистот кој удира во малолетно дете кое преминува улица во скопски Бутел, а потоа бега од местото на настанот. За среќа ваквите случаи евидентирани на безбедносни камери на жителите јавно се објавуваат. Полицијата го најде возачот и против него е поднесена кривична пријава. За само една седмица полицијата изрекла 3973 казни за сообраќајни прекршоци. Најголем број од нив се за брзо возење.

Одземање возило, 0 толеранција за евидентирани прекршители, строги контроли може да бидат мерки со кои ќе се зголеми безедноста. Експертите сметаат дека е потребен поширок системски пристап и поригорозни казни кои нема да можат да се избегнат. 

МВР ги подготвува измените на законот со кои ќе се имплементира проектот Безбеден град кој според министерот ќе има за цел да го намали бројот на жртви во сообраќајот. Со новите камери ќе се евидентира секој прекршок и возачот навреме санкциониран. Сејф сити ќе се имплементира најпрво во Скопје и Куманово а потоа и на територија на цела држава. Само минатата година има околу 30 жртви пешаци во сообраќајот и околу 140 жртви во сообраќајни несреќи во државата, бројки кои се многу повисоки од просекот во Европа.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Exit mobile version