tvstanici.net

Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром

Едно лице е повредено вечерва во сообраќајна незгода што се случи на раскрсницата кај „Веро“ во скопската населба Аеродром.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во моментот се врши увид на местото на незгодата.

Повреденото лице е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и според првичните информации не е во животна опасност.

Exit mobile version