tvstanici.net

Две деца загинаа при уривање на двокатната зграда во Неапол

Најмалку две лица загинаа кога денеска се урна двокатна зграда во Савијано, во провинцијата Неапол, по експлозија на гас.

Скај њуз објави дека загинале две деца од петчлено семејство.

Како што додаваат италијанските медиуми, тие биле затрупани под урнатините на зградата.

Карабинерите и пожарникарите се на местото на несреќата и пружаат помош.

Exit mobile version