tvstanici.net

ДВАЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ УАПСЕНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО ДЕМИР ХИСАР Ветрот го отежнува гаснењето на огнот на градската депонија

Полицијата приведе две лица од Прилеп кои се сомничат дека го предизвикале пожарот на градската депонија во Демир Хисар, притоа, како што се вели во полициското соопштение, предизвикале општа опасност.
Лицата  С.Ф.(28) и А.С.(48) ќе добијат соодветни пријави откако случајот ќе биде документиран, информира Министерството за надворешни работи.
Според претходно соопштение на Центарот за управување со кризи(ЦУК), пожарот опфаќал горење автомобилски гуми и појава на густ црн чад.
Пожарот е под контрола, но е уште активен поради ветрот кој го отежнува гаснењето, информира ЦУК повикувајќи се на информации од Јавното комунално претпријатие на Демир Хисар. Во гаснењето се активни 5 пожарникари, 2 противпожарни возила, 5 работници и една градежна машина од претпријатието.
 
The post ДВАЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ УАПСЕНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО ДЕМИР ХИСАР Ветрот го отежнува гаснењето на огнот на градската депонија appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version