tvstanici.net

ДО РУРАЛНИТЕ УБАВИНИ НА МАКЕДОНИЈА ПО МАЗЕН АСФАЛТ Трајановски провери како оди санацијата на патот кон Цер

Не само што не ги забораваме, туку и се трудиме да опфатиме што поголем број на државни патишта кои водат кон руралните средини и кои се со стар и со оштетен коловоз, порача Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
„Денеска заедно со пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, заменик министерот Лазе Јаќимоски и заменик-директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски, бевме на увид на еден таков пат, каде што е во тек негова санација. Тоа е регионалниот пат Р2337 на делот од врска со Р1305, одсносно, патот Кичево-Демир Хисар, кон Цер. Се санира коловоз со вградување на нов слој на асфалт, во должина од 5.100 метри и широчина од 4 метри. Вредност на работите е проценета на 30 милиони денари“, информираше Трајановски на Фејсбук.
Во тек се и градежни активности и изведба на земјани работи, за санација на делот од патот од Цер кон Пуста Река, додаде тој. Се врши пробивање и рамнење на трасата и ископ на канали. Овој пат е со земјан коловоз, а целта е поврзување со Крушево, објасни Трајановски.
Работите ги изведува ЈП Македонијапат, а се реализира преку Програмата на ЈПДП за одржување на државните патишта за 2025 година, во која се планирани градежни активности на државни патишта кои водат кон руралните средини, а кои се со стар и оштетен коловоз.

The post ДО РУРАЛНИТЕ УБАВИНИ НА МАКЕДОНИЈА ПО МАЗЕН АСФАЛТ Трајановски провери како оди санацијата на патот кон Цер appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version