tvstanici.net

Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?

Тестаторите фатиле десеттина ученици како препишуваат на првиот испит од државната матура и тоа со помош на мобилни телефони, кои се строго забранети. На сите им се земени тестовите и се отстранети од полагањето. Министерката за образование и наука денеска ги предупреди матурантите кои пред себе имаат уште три предмети за полагање, да ги почитуваат правилата додека решаваат тестови, во спротивно може да изгубат цела година.

Во зависност од ситуацијата, посебна Комисија во Државниот испитен центар одлучува какви мерки следуваат за оние кои препишувале или ги прекршиле правилата.

– Го поништуваме тестот и полага во следната сесија или го поништуваме тесот и цела гоодина нема да може да полага.

Препишувањето меѓу учениците на тестовите за матура прераснува во традиција.  Оваа бројка од десеттина деца кои се исклучени од првиот испит бидејќи препишувале не е конечна, се уште се прибираат информации од училиштата.

За споредба, бројките покажуваат дека лани на вкупно 270 деца им бил поништен испитот.  А 2023-тата година, јавно протекоа разговори од вибер групите во кои членувале матурантите, а каде си ги сликале одговори на тестовите за англиски јазик. 

Следниот екстерен испит, матурантите го полагаат на 11 јуни.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Exit mobile version