Site icon tvstanici.net

Предлог законот за забрана на нефер трговски практики ја помина првата фаза



ИЗВОР: КАНАЛ 5

По речиси една година предлог законот за забрана на нефер трговски практики дојде и експресно ја помина првата фаза во Комисијата за европски прашања..

Според министерството за економија, на овој начин ќе се штитат потрошувачите од нечесни трговски практики, односно од неопрацвдано високи цени… Заменик министерот Зоран Маневски уште еднаш нагласи дека Македонија е прва земја во регионов која носи ваков закон. -изјава Зоран Маневски – заменик министер за економија.

„Во предлго законот се предлага во член 5 да се донесе посебна листа на земјоделски и прехрамбени произдводи врз основа на која се утврдуваат сите нефер трговски практики… Со предлог на законот се обезбедува начин на поефикасни контроли и надзор…..“

За опозицијата потребата од носење на ваков закон е добра – но задоцнета. На кратката комисиска расправа посочија дека според нив станува збор за предизборно замајување на јавноста. Според пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Здравко Трајанов маржите, се и до триста проценти поголеми од цената на земјоделските производители, а токму земјоделците се вели тие што посотојано се манипулираат. Според опозицијата потребни се конкретни решенија за сите засегнати.

„Видовме случаи каде што инфлацијата на храната некаде дојде и до 30, 40 % и тоа беше сериозен удар врз најсиромашните граѓани. Нас ни треба фер трговска пракса за да добиеме краен произдов со фер цена, ако тоа не го постигнеме тогаш законот само ќе реши дел од проблемот ….“

Инаку, до крајот на месецов, важи владината одлука за гарантирани цени на прехрамбените производи. Дали таа ќе биде продолжена или не, според досегашните најави ќе зависи токму од носењето на овој закон, со кој се очекува да се штити стандардот граѓаните.

Exit mobile version