Site icon tvstanici.net

Министерство за здравство на Хамас: Во Појасот Газа загинаа 29.606 луѓе



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Оттогаш речиси третина од украинците ја напуштија татковината, оние пак кои што останаа велат дека веќе научиле да живеат со суровата реалност, надевајќи дека подобро и помирно утре набргу ќе дојде..

-Никој не може да даде недвосмислено мислење што значи животот. Живот е тоа што ни се случува во моментов, а во моментов животот ни е војната.

-Научивме како да издржиме, да бидеме посилни и да веруваме. Како што велат, ако веруваш, ќе бидеш награден и на тоа се надеваме.

-Мислам дека треба да имаме повеќе оружје, за да можеме да ги избркаме овие зли духови од нашата земја и да почнеме да ја обновуваме нашата Украина.

Горчливата годишнина се одбележа на повеќе места во светот, а рамо до рамо со претседателот Зеленски на церемонијата во Киев застанаа дел од светските лидери кои порачаа дека оваа војна е борба за слобода на сите во Европа…

-Можете да уништите авион, но не можете да го уништите нашиот сон, сонот со кој секој од нас заспиваше и се будеше 730 дена. Никој од нас нема да дозволи да дојде крајот на Украина, покрај зборот Украина, секојаш ќе стои зборот независна, вели Земенски.

-Киев стои цврство, вашата храброст застана на патот на Путин. Не отстапивте ниту чекор, украинските херои го задржаа окупаторот, борејќи се до последниот куршум и последниот здив. Успеавте да го сопрете рускиот напад во срцето на Украина, ја спасивте државата, ја спасивте целата Европа, вели Фон дер Лајен

Конфликтот беше тема и на генералното собрание на ОН, каде рускиот амбасадор Небензиа дискусијата ја нарече нереална и во служба на промовирање на политичка агенда. Плановите пак на Зеленски за мир ги оцени како ултиматум кон Русија, на кои не треба да се троши време..

Реалноста е дека не постојат привремено окупирани територии во Украина, туку постојат руски региони, како што е Крим.- Василиј Небензиа – Амбасадор на Русија во ОН

САД двегодишнината од почетокот на војната го одбележаа со нови 500тини санкции врз Русија, а претседателот Бајден порача дека украинскиот народ е се уште слободен..

Според податоците од почетокот на војната животот го загубиле 10.000 цивили, додека пак бројката на загинати војници не може да се претпостави, но проценките се дека се повеќе десетици илјади…

Exit mobile version