Site icon tvstanici.net

Коцевски: Здружението на јавните обвинители – активен партнер во реализација на приоритетите



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Комерцијалното вселенско летало Одисеј „си најде нов дом“ -одекна во веселнскиот центар на НАСА.

Веднаш по слетувањето на Месечината и по низа потешкотии, лендерот е исправен и испраќа податоци. Потфатот се смета за историски како за истражувањата во вселената во целост така и за вселенска програма на САД.

Според администраторот на НАСА, на осмиот ден и речиси четврт милион милји патување по големиот космички мост, од лансирањето во вселенскиот центар Кенеди до целта на јужниот пол на Месечината слетувањето на комерцијалниот вселенски слетувач Одисеј на компанијата „Intuitive Machines“ претставува голем чекор на науката, иновациите и лидерство на САД во влесената.

„Денес за прв пат во историјата на човештвото, комерцијална компанија, американска компанија го започна и го водеше патувањето таму горе. Денешниот ден ги покажува моќта и потенцијалот на комерцијалните партнерства со НАСА. Честитки за сите вклучени во овој голем и смел потфат на „Интуитив машинс“, „СпејсИкс“ и овде во НАСА. Каква победа. Одисеј ја освои Месечината “–Бил Нелсон, Администратор на НАСА.

Лендерот со прекар „Оди“ или ИМ-1 е првото американско вселенско летало кое ја допрело површината на Месечината изминатите 50 години. Иако првично на инженерите им се појавија проблеми со навигацијата пред да го изведат тешкото слетување, наскоро се очекуваат првите снимки на лендерот од површината. Успешната пресвртницата доаѓа по неуспешната американска мисија на Месечината минатиот месец.

Лендерот Одисеј треба да го истражи јужниот пол на Месечината пред планот НАСА да испрати екипаж на крај од 2026 година.

Exit mobile version