Site icon tvstanici.net

Гајдов: „Најголеми „муштерии“ на измените на КЗ се тие од бомбите“



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Во 2016 година животот на тогаш само анонимната девојка Георгина Родригез беше сосема поинаков од оној што го живее денес.

Се“, се променило еден ден кога во продавницата на „Гучи“ каде што таа работела како хостеса и продавачка влегол богатиот фудбалер Кристијано Роналдо, кој засекогаш и го променил животот.

Сега, поминаа неколку години од таа фатална средба, а во неодамнешното интервју за „Vogue“, свршеницата на еден од најдобрите светски фудбалери во послендите две децении ја искористи приликата да се потсети на моментите од нејзината рана младост и живот и работа кои и овозможија да запознае различни луѓе и да усвои одредени верувања.

Едно од тие верувања е користењето црвен паричник.

Во интервјуто Георгина го покажа црвениот паричник за кој рече дека го носи со години. „Тоа е мојот прв брендиран паричник што го купив во Прада кога работев за нив. Црвен е затоа што клиент од Азија, за време на кинеската Нова година, дојде да купи многу паричници кои беа само во црвена боја, па прашав зошто се целосно црвено“.

– Ми објасни дека црвената боја привлекува богатство – истакнала Георгина додека зборувала за својот паричник.

Exit mobile version