Site icon tvstanici.net

Американска балерина е уапсена во Русија- донирала 50 долари за украинската војска



ИЗВОР: КАНАЛ 5

На видео снимките објавени од руската новинска агенција се гледа како 32-годишната Ксенија Карелин е воведена во судница од полицаец, со лисици и врзани очи, објави Дејли Меил.

Не е познато кога е направена снимката.

Ксенија е позната балерина која на социјалните мрежи редовно објавува фотографии од новиот живот во САД.

Уапсена е под сомнение дека од нејзината американска сметка префрлила 51,80 долари на украинската организација „Разом“.

Доколку биде осудена за предавство, се соочува со затворска казна до 20 години.

Од почетокот на минатата година, 63 лица се обвинети за предавство во Русија, од кои 37 беа прогласени за виновни.

Белата куќа и Стејт департментот биле информирани за апсењето на Ксенија.

„Карелина е обвинета за „активно собирање средства за украинска организација од февруари 2022 година, кои потоа биле користени за купување лекови, опрема, оружје и муниција за вооружените сили на Украина“, соопшти ФСБ.

Убавата балерина е обвинета и за повеќекратно учество во јавни акции за поддршка на режимот во Киев додека била во САД.

Таа добила американско државјанство во 2021 година откако се омажила за Американец.

Exit mobile version