tvstanici.net

📷 АНА ИВАНОВИЌ СЕ ОГЛАСИ ЗА ПРВПАТ ПО ГЛАСИНИТЕ ЗА РАЗВОДОТ Нејзините фотки кажуваат повеќе од 1.000 зборови

Заврши љубовната приказна на поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и на поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер. Отстранувањето на бурмите беше моментот кој го потврди пишувањето на германските медиуми дека славната двојка раскинала на почетокот на годината.

КРАЈ НА БАЈКАТА, СЕ РАЗВЕДУВААТ АНА ИВАНОВИЌ И ШВАЈНШТАЈГЕР Тој постојано патува, таа остана сама со трите деца

Деновиве и двајцата се активни на социјалните мрежи, па фановите внимателно го следат секој детаљ што може да се најде кај Ана или кај Бастијан.
Сега во центарот на вниманието беше Ивановиќ и нејзината последна објава. Ана сподели фотографии на Инстаграм и покажа дека ужива, игнорирајќи ги насловите кои ја следат последните денови.
„Зајдисонца, денови на плажа и тениски сесии“, навела Ана во описот на своите фотографии на Инстаграм.
Иако на фотографиите го нема Бастијан, многумина протолкуваа дека со ова сакала да покаже дека кај неа сѐ е во совршен ред. Насмеаното лице на Ана на фотографиите зборува дека е сосема задоволна и исполнета.

ШВАЈНШТАЈГЕР СЕ ОГЛАСИ ОД СТРАНСТВО ПО ВЕСТА ЗА РАЗВОДОТ Еве што порача во неговата објава

Ана и Бастијан со години важеа за еден од најхармоничните јавни парови и затоа многумина беа изненадени кога ја прочитаа веста за нивната разделба, а сега, меѓу другото, и врската што поранешниот фудбалер ја има со Естер Седлачек, популарна водителка…
Секако, се очекува во наредните денови Ивановиќ и Швајнштајгер да излезат со јавен оглас на оваа тема за нивниот развод.

 

View this post on Instagram

 
A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

The post 📷 АНА ИВАНОВИЌ СЕ ОГЛАСИ ЗА ПРВПАТ ПО ГЛАСИНИТЕ ЗА РАЗВОДОТ Нејзините фотки кажуваат повеќе од 1.000 зборови appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version