tvstanici.net

АКО ИЗГУБАМ, НЕ СЕ КАНДИДИРАМ ВЕЌЕ Трамп ја отфрли можноста за нова кампања во 2028 година доколку не победи

Доналд Трамп во интервју емитувано денеска ја отфрли можноста да се кандидира на претседателските избори во САД во 2028 година во случај на пораз на изборите во ноември.
– Не, не се гледам себеси во тоа, не се гледам себеси. Мислам дека ова ќе биде тоа – рече 78-годишниот републикански кандидат во емисијата „Full Measure“.
Сепак, поранешниот претседател изјави дека верува во успех на 5 ноември кога ќе му се спротивстави демократката Камала Харис.
Откако претседателот Џо Бајден се повлече од претседателската трка, исходот од претседателските избори е понеопределен од кога било.
Доналд Трамп, кој никогаш не го призна поразот од Џо Бајден во 2020 година, неколкупати во последните месеци одби да се обврзе безусловно да ги признае резултатите од ноемвриските избори.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version