tvstanici.net

ОТСЕГА МОЖЕТЕ ДА ЗАКАЖЕТЕ СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО Секој петок ќе биде отворен ден за граѓаните, нема ограничување на темите

Новата веб-страница на Министерството за здравство е во функција од вчера, а од наредниот петок, 4 јули, ќе почнат состаноците на министерот за здравство Азир Алиу со оние кои ќе закажат средба. Од денеска веќе може да се закажува средба преку веб-страницата на Министерството за здравство, информираше министерот за здравство Алиу на денешниот брифинг со новинарите.
Предвидено е од 10 до 15 часот, секој петок да биде отворен ден за граѓаните, кои ќе си закажат средба онлајн. Она што граѓанинот, кој сака да има средба со министерот, треба да го направи е да остави име и презиме, телефонски број и тема за разговор со министерот.
Алиу на новинарско прашање одговори дека нема ограничување за темите, за кои што заинтересираните граѓани ќе сакаат да разговаат со него.
The post ОТСЕГА МОЖЕТЕ ДА ЗАКАЖЕТЕ СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО Секој петок ќе биде отворен ден за граѓаните, нема ограничување на темите appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Exit mobile version