Поради одредени реновации кои салата СЦ Јане Сандански ќе ги преземе започнувајќи од 10ти мај, не е загарантирано дека салата ќе биде во состојба за одржување на концертот на Парни Ваљак, првично закажан на 18ти мај.
Од таа причина, заедно со менаџментот на бендот и менаџментот на СЦ Јане Сандански, Авалон продукција одлучи концертот на Парни Ваљак да го презакаже за 30ти ноември.
Сите оние кои имаат набавено влезници за 18ти мај, ќе можат истите да ги искористат за концертот на 30ти ноември.
Оние кои имаат купено влезници онлајн и не се во можност да присуствуваат на новиот датум, можат да испратат барање за рефундација на влезниците на helpdesk@ticketx.mk., додека оние кои имаат купено влезници од некое од продажните места, потребно е да се обратат во истите за рефундација на средствата.
Дани | ТВ Пакет
The post Концертот на Парни Ваљак во СЦ Јане Сандански презакажан за ноември first appeared on ТВ Пакет.