tvstanici.net

Фото времелов | Тоше и Каролина на насловна на списанието „Екран”

Ти си немир што ме тера
Да се премислам
Да верувам во љубовта
Да научам да простам
Зошто секој простува
И барем еднаш се покајува

Тоше и Каролина беа дует од соништата кои со изведба на нивната безвременска балада создадоа дует од спомени.  Тој до ден денес најголемиот великан на сите времиња, а таа поп примадона чии песни и музика со годините сѐ повеќе добиваат на значење.

Нивната кариера и неверојатна популарност започна отприлика истовремено, станувајќи дел од маестралната Авалон продукција. Децата ги обожуваа, младите се поистоветуваа со нив, возрасните со задоволство им се восхитуваа, а старите им симнуваа капа.

Тоше и Каролина ги полнеа дискотеките и концертните сали, а за секој нивен настап на отворено или затворено во бескрајни редици се чекаше за влез и пристап до нивните омилени тин идоли.

Не изостануваа ниту насловните страни, па токму една од нив не потсетува на тоа најубаво време на доцни 90ти и рани 2000ти.

Време на квалитет и убавина и време кое веќе буди носталгија.

Дани | Тв Пакет

 

Exit mobile version