Site icon tvstanici.net

Унгарија нема да го поддржи Руте на чело на НАТО: Сакаше да нѐ фрли на колена



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Неговата приказна, снимена во 2020 година во Ново Мексико, повторно е актуелна и дефинитивно ја враќа вербата во луѓето.

Тинејџерот од Албакерки отишол на банкомат за да подигне пари за онлајн трансакција. Сакал да му купи чорапи на својот дедо, пренесува Daily Star.

Кога се приближил до машината, видел голема пластична кеса, оставена на тротоарот. Ја отворил и се запрепастил.

„Беше полна со банкноти од 20 и 50 долари! Стоев скаменет, не знаев што да правам“, изјавил подоцна за медиумите.

Типот решил да повика полиција и да го пријави случајот, а кога властите пристигнале на местото на настанот изброиле вкупно 135.000 долари (околу 125.000 евра).

„Сум видел секакви работи во изминатите 20 години, но ова е единствен случај. Мислам дека ова е најголемата сума пари што некогаш била вратена во Албакерки“, изјавил портпаролот на полицискиот оддел Сајмон Дробик.

Чесниот пронаоѓач рекол дека „не му паднало на памет да ги задржи парите“. Најпрво размислувал да го заврти бројот впишан на банкоматот, но се откажал и повикал полиција.

Подоцна било утврдено дека службеничката го полнела банкоматот и ја оставила кесата со пари на тротоарот.

Неколку дена подоцна, Хозе бил поканет да се сретне со градоначалникот и со началникот на полицијата, кога тој открил дека студира кривично право.

Веднаш добил покана да се приклучи на службата.

Exit mobile version