Site icon tvstanici.net

Ужас во Германија: Тинејџер уби жена и 9 годишно дете и повреди уште три деца



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Како што велат, тие наизменично ја силувале жената, пишува Дејли Меил.

Фернанда и Висенте, кои ги документираат своите патувања низ светот со мотор за нивната публика од преку 140.000 следбеници на Инстаграм, минувале низ областа Думка во Индија на пат кон Непал кога биле брутално нападнати. Застанале во Думка за да преноќат таму во шатор.

На видеата објавени на Инстаграм, парот се појавил со отоци, модринки на лицата и почнале да плачат додека на шпански опишуваат што им се случило.

„Се случи нешто што никому не би го посакале“, вели Фернанда на видеото, „седум мажи ме силуваа, нѐ тепаа и нѐ ограбија“. Таа додаде дека напаѓачите не украле многу работи, бидејќи целта им била да ја силуваат.

Полицијата соопшти дека Фернанда околу 23 часот стигнала до патролното возило и била пренесена на лекување во болница. Питамбер Синг Кервар, окружниот полициски началник, рече дека уапсиле три лица во врска со нападот и активно бараат други осомничени.

Во друга објава, Висенте на гледачите им ја покажа ранетата усна и шевови околу целата уста.

„Устата ми е уништена, но Фернанда помина полошо од мене“, рече тој, додавајќи дека напаѓачите постојано го удирале со кацига и камен во главата.

Индија се смета за една од најлошите за сексуално насилство врз жените и имала речиси 90 пријавени силувања дневно во 2022 година, според Националното биро за криминал. Сепак, силувањата често остануваат непријавени поради стигматизирањето на жртвите и слабата доверба во резултатите од полициските истраги.

Во последните објави на Фернанда и Винсент тие изјавија дека се уште се во болница со полиција. Истрагата е во тек.

Exit mobile version