tvstanici.net

Серија за целото семејство секое утро на босанската државна ТВ

Фамилијарната драмска серија “Moja divna porodica” секое утро се прикажува на босанскохерцеговачката државна телевизијa, по завршеток на утринската програма и цртаниот блок.

БХРТ одвојува задолжителен простор за емитување на драмски серии наменети за пензионери и домаќинки кои во дневните термини се наоѓаат пред малите екрани.

Оваа фамилијарна турска серија обединува три различни генерации, комбинирајќи ги вредностите од минатото и променливите барања на новото време.

Гледачите на нашиот национален сервис порано исто така имаа можност секојдневно да следат драмски серии / теленовели, но веќе со години, истите не се дел од нивната програмска шема. За разлика од МРТ, сите останати регионални државни телевизии емитуваат ваков тип на програма во дневните термини.

Дани | ТВ Пакет

Exit mobile version