tvstanici.net

Саботна вечер на МРТ 1 со романтичната комедија „Срцекршачи“

акс Конерс (Сигурни Вивер) и нејзината ќерка Пејџ (Џенифер Лав Хјуит) развиваат необична и профитабилна рутина во искористувањето на сладострасните богаташи: едниот од нив намамува жртва на олтарот, за да биде принуден од другиот да изврши прељуба, откако првиот и без да го склучи бракот, вториот ден бара развод и собира значителна сума пари.

Еден таков наивен младоженец е ситниот криминалец Дин Кумано (Реј Лиота). Но, тој нема така лесно да го прифати поразот, иако навидум се чини дека Макс и Пејџ безбедно и незабележано му побегнале…

Мајката се разведува со заедничка согласност, па почнуваат да ја ловат следната жртва – одбивниот милионер Вилијам Тенсиј (Џин Хекман). Но, Пејџ прави кардинална грешка и се заљубува во млад келнер. Сега Максин мора да се грижи за ќерката и парите на Тенси, за да не го изгуби најдобриот партнер што некогаш ќе го има…

Сабота, 15 март, МРТ 1 во 21 часот.

Дани | ТВ Пакет

Exit mobile version