Site icon tvstanici.net

Путин прогласи победа – Во Центар



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата победа на изборите ќе и’ овозможи на Русија да стане посилна и поефикасна.Говорејќи во неговиот изборен штаб, Путин рече:„Драги пријатели, мило ми е што вечерва сум со моите соборци и истомисленици. Историјата се повторува, сè се повторува, а сите сме соборци. Сите сме еден тим. Сакам да благодарам на сите граѓани на Русија, кои излегоа на гласање и гласаа, рече Путин.„Од секое гласање ја градиме заедничката волја на народот на Руската Федерација“, додаде тој.Тој, исто така, им се заблагодари на граѓаните кои дојдоа на гласачките места и изрази „посебна благодарност до нашите воини на контактната линија“, мислејќи на линијата на фронтот во Украина.„Колку и да се обидоа да нè исплашат, да ја потиснат нашата волја, нашата совест, никој во историјата не успеа. Не успеаја сега, па ќе пропаднат и во иднина“, додаде тој.Обраќајќи им се на учесниците на протестот „Пладне против Путин“, кој ги охрабруваше луѓето да излезат на последниот ден од гласањето и да ги уништат нивните гласачки ливчиња, Путин рече дека „тоа немаше ефект“.„Оние кои ги уништија гласачките ливчиња треба да бидат кривично гонети според законот“, рече тој.Тој изрази задоволство од работата на Владата и другите владини агенции и рече дека нема намера да избрзува со кадровски промени.„Резултатите од работата во изминатите неколку години покажаа дека административниот тим, во најширока смисла на зборот, генерално е многу ефикасен, а резултатите од работата се задоволителни“, рече тој.Путин објасни дека „ова се однесува на владата, централната банка и претседателската администрација.Некои од неговите меѓународни колеги ги опишаа руските избори како ниту слободни, ниту фер.Поранешниот лидер на КГБ, кој е на власт од 1999 година, ќе ја води земјата по петти мандат.Но, вечерашните резултати не беа изненадување, бидејќи секоја веродостојна опозиција на Владимир Путин е или во затвор, во егзил или мртов.

Exit mobile version