Site icon tvstanici.net

Поради нашето неучество, наши автори и на српскиот избор за Евровизија

Поради откажувањето две години по ред на МРТ од Евровизија нашите композитори својата среќа ја бараат во другите држави.

Дарко Димитров веќе имаше песна за Албанија, потоа и на хрватскиот избор ДОРА заедно со Лазар Цветков и Роберт Билбилов, a вечерва Димитров има свои песни и на српскиот избор “Песна за Европа”.

Тој е аранжер на две песни на српскиот избор и тоа за Џорџи со песната Луна Парк и комплетен автор на песната Zovi me Lena од Лена Ковачевиќ, повторно заедно со Цветковски и Билбилов. Димитров се споменува и како автор на песната на Грузија, но таа информација сѐ уште не е потврдена. Иако на Инстаграм се појави во заедничка слика со грузиската претставничка Nutsa Buzaladze, сѐ уште ништо не се знае за авторите на грузиската песна.

За разлика од другите земји кои се откажуваат од јуниорската Евровизија, а чии финансиски средства ги наменуваат за главната Евровизија, МРТ сепак реши да учествува на Јуниорската и оваа година, но не и на главната и со тоа го скрати задоволството на нашите композитори да пишуваат песни за нашите естрадни уметници, па истите мораа да ги насочат и покажат своите таленти за другите земји.

Дани | ТВ Пакет

The post Поради нашето неучество, наши автори и на српскиот избор за Евровизија first appeared on ТВ Пакет.

Exit mobile version