Site icon tvstanici.net

Неделна вечер на Телма со крими трилер со Џек Николсон

Алекс Гејтс (Џек Николсон), трговец со вино од Мајами, е речиси на работ на банкрот бидејќи троши премногу пари на своите љубовници кои бараат многу. За да се ослободи од својот несреќен брак и да си обезбеди удобен живот со шармантната Габриела (Џенифер Лопез), дадилката на богатото семејство, Алекс одлучува да украде скапиот ѓердан од работодавците на Габриела.

Со помош на искусниот крадец Виктор (Мајкл Кејн) грабежот оди добро. Откако ќе украде дијамантскиот ѓердан, работите почнуваат да се распаѓаат. Гејтс се обидува да ги заложи дијамантите, а неговата сопруга почнува да го следи и ги открива неговите намери.

Недела, 3 март 2024 година, Телма телевизија, 22.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

The post Неделна вечер на Телма со крими трилер со Џек Николсон first appeared on ТВ Пакет.

Exit mobile version