tvstanici.net

Најавите за филмови на ТВ 24 на веб сајтот „затаиле“ на 13 декември

Доколку ја посетите интернет страницата на ТВ 24 и сакате да се информирате за редовната програмска шема, ќе наидете и на некомплетни информации.

Па така, во програмскиот водич, некогаш го пишува вечерниот филм кој се емитува на програмата на телевизија 24 …

… а некогаш стои само вака :

Кој е тој дедо на тајна задача, а кој е тој игран филм – публиката не знае.

Иако во етер има промо за филмовите кои се емитуваат од кои за секоја пофалба е што најголем дел се премиери, сепак на интернет просторот, гледачите не може да добијат целосна и навремена информација што следно ќе гледаат на ТВ 24.

Последните филмски информации се објавени на 13 декември, а од тогаш никаква најава за конкретните филмски наслови на телевизијата.

За разлика од оваа телевизија, доколку ги посетите веб страните на МРТ и особено на Телма,

… ќе видите еден современ и професионален начин на промовирање на филмовите со точни детали за името на филмот, оригиналниот наслов, дата и време на емитување, содржина, трејлер и дополнителни информации.

| ТВ Пакет

 

Exit mobile version