Site icon tvstanici.net

Монструмот, кој има седум деца со родената ќерка има желба: Сака да живее во куќа со градина



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Неговата специфична желба била да има куќа со градина во која ќе може да одгледува нешто и да биде во Австрија. Тој изјавил и дека идеално би било да биде добро поврзана со железница.

Монструмот Фрицл, како што го нарекоа откако беше откриено дека ја затворил во подрум и ја силувал својата ќерка цели 24 години, за време на кои таа родила седум деца, го променил своето име, кое не е објавено во јавноста. Монструозен, невиден случај во Австрија беше откриен во 2008 година.

Судот во градот Кремс ан дер Донау, западно од Виена, на почетокот на февруари наредил Фрицл да биде условно префрлен од психијатриското одделение на затворот во редовен затвор по психијатриската проценка дека тој повеќе не претставува опасност да го изврши истото кривично дело.

Фрицл е во затворот за „ментално болни“ од пресудата во 2009 година, а осуден е за инцест, силување, заробување и убиство на новородениот син во занданата што тајно ја изградил под неговата куќа и во која ја чувал ќерката, заробена уште од детството.

Обвинителите не присуствуваат на рочиштата како она на кое судот наредил трансфер на криминалецот, а бидејќи судската одлука технички не претставува пресуда, на обвинителите им останува приговор, а не жалба, објасни портпаролот на судот.

Адвокатот на Фрицл, Астрид Вагнер, претходно изјавил дека префрлањето во редовен затвор ќе му овозможи евентуално да излезе од затвор и да биде слободен човек.

Exit mobile version