tvstanici.net

ДОДЕКА СИТЕ ГЛЕДАА ВО КЕЈТ МИДЛТОН, НЕ ЗАБЕЛЕЖАА ЕДНА РАБОТА Детаљот на раката на принцезата Шарлот на Вимблдон

Јавноста сè уште е потресена од последното јавно појавување на принцезата од Велс Кејт Мидлтон. Во британските медиуми се откриваат детали кои многумина не ги ни забележале. Имено, не случајно принцезата Шарлот ја придружуваше својата мајка Кејт на неодамна завршениот Вимблдон. Нејзината улога била силна и многу важна, пишува „Вуман енд хоум.“
Бидејќи во период од шест месеци се појави само еднаш, на манифестацијата „Поздрав со бои“, сите нетрпеливо го чекаа појавувањето на Кејт Мидлтон на Вимблдон. Токму поради тоа малата Шарлот  донекаде остана во сенката на обожавањето на принцезата.
Оние кои внимателно го следат животот на сите членови на кралското семејство забележале еден детаљ на малата принцеза Шарлот со кој таа испратила своевидна порака. На раката носела нова златна белегзија со тиркизна амајлија назар, привезок во облик на око, кој содржи посебен збор на арапски јазик. Овој приврзок симболизира „вид“ и „надзор“ и претставува амајлија што се носи за да го заштити оној што го поседува од „проклетството на злото око“ која е инспирирана од завист и му нанесува штети на личноста што ја прима. Носењето амајлија за лошото око може да биде начин да се заштитите од овие знаци и лоша среќа.
Да потсетиме, принцезата Кејт Мидлтон кон крајот на март преку видео порака објави дека има рак, не сакајќи да открие за кој тип се работи. Потоа напомена дека влегла во процесот на лекување и дека е благодарна за поддршката. Некако во исто време, неколку недели претходно, и кралот Чарлс Трети објави дека боледува од рак. Тогаш целата важна улога падна на принцот Вилијам, кој ги извршувалкралските должности, а истовремено се грижи и за децата, кои ги носеше на неколку интересни настани како концерти и спортски натпревари.

Exit mobile version