Site icon tvstanici.net

Дебар утре без вода шест часа – Во Центар



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Во Дебар утре во периодот од 6 до 12 часот ќе има прекин во водоснабдувањето. 

Од Јавното комунално претпријатие „Стандард”, кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар информираат дека прекинот во водоснабдувањето на корисниците во градот е поради изведување зафат во градскиот резервоар, со цел подобрување на водоснабдувањето. 

Моментно во градскиот резервоар пристигнуваат 135 литри вода во секунда. 

Од претпријатието посочуваат дека видно е зголемена потрошувачката на вода и апелираат за нејзино рационално користење.

Exit mobile version