Site icon tvstanici.net

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација



ИЗВОР: КАНАЛ 5

Со денешниот настан се одбележува Денот на нулта дискриминација, кој има за цел да промовира различност, толеранција и инклузија.

Градот Скопје со скопските средни училишта континуирано работи на подигнување на свеста за негативните ефекти од дискриминацијата, како и за реализација на мерки и активности за инклузивност во училиштата. Од суштинско значење се заедничките напори за спротивставување на дискриминацијата меѓу младите во сите нејзини форми, да се препознае вредноста на различноста и да се промовира инклузија и толеранција градејќи праведно и рамноправно општество.

На денешната панел дискусија учествуваа скопските средношколци, стручни лица, експерти, училишните психолози и педагози, директорите на училиштата кои дискутираа за организацијата на средните училишта во насока на превенција од дискриминација. На настанот се разговараше и за видовите на дискриминација со кои се среќаваат учениците, како и за последиците односно за чувствата на учениците кои се изложени на дискриминација. Заклучоците од панел дискусијата беа во форма на мерки за заштита од дискримнација, со акцент на правните механизми за заштита, а се одржа и отворена дискусија со учениците.

Град Скопје

Exit mobile version