Site icon tvstanici.net

Вторник на Телма со „Урбани херои“, нов документарен серијал

На местото на “Фантастични дизајни”, секој вторник во 14.30 часот на Телма ќе ги гледаме “Урбаните херои”, нова документарна серија со која ќе уживаме но и ќе се едуцираме.

Земјоделството е тренд во подем, без разлика дали се враќа на периферијата, на покривите или директно во деловните центри. 70% од светското население се храни благодарение на земјоделството во сите негови облици. Светот секојдневно расте, а со тоа и потребите за квалтетна и достапна храна.

Документарната серија „Урбани херои“ оди до најубавите пејзажи во светот и запознава луѓе кои одново ги пишуваат правилата за егзистенција на локална економија во нивната земја.

Дани | ТВ Пакет

The post Вторник на Телма со „Урбани херои“, нов документарен серијал first appeared on ТВ Пакет.

Exit mobile version