VO CENTAR Dali Zaev i Ahmeti se dogovorija Albancite da bidat 28 otsto?




ВО ЦЕНТАР Дали Заев и Ахмети се договорија Албанците да бидат 28 отсто?

Не сме договорени Албанците да биде 28 проценти на следниот попис. Ова за емисијата Во Центар, која се емитува секој четврток и недела во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov, го изјави Апостол Симовски, првиот човек на македонската државна статистика.

Симовски не очекува да ни се случи реприза на пописот од 2011 година, кога беа потрошени повеќе од седум милиони евра, кога пописот беше прекинат, а потоа целиот пописен материјал беше изгорен во Дрисла.

Тој ги негира тврдењата дека пописот морал да се случи оваа пролет за да имаат Албанците и Ахмети алиби дека голем број Албанци поради пандемијата со коронавирусот, која на светско ниво е прогласена на 13 март минатата година, не можеле повеќе од една година да дојдат во Македонија.

Симовски не очекува да бидат издавани нови лични карти како би се влијаело врз пописните резултати.

ВО ЦЕНТАР со Васко Ефтов

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×